Рабио добива нов договор на „Сан Сиро“

Милан е сè поблиску до продолжување на соработката со Адриен Рабио, кој со своите настапи во актуелната сезона се наметна како еден од најважните фудбалери во тимот на „росонерите“.

Според информациите на италијанските медиуми, преговорите меѓу двете страни се движат во позитивна насока, а на маса е договор со важност до јуни 2030 година, со можност за дополнително продолжување за уште една сезона.

Францускиот репрезентативец моментално има договор до 2028 година, со годишна плата од околу 3,5 милиони евра. Новиот договор би му донел покачување на примањата на пет милиони евра по сезона, плус дополнителни бонуси поврзани со настапите и резултатите.