Виго Кристјансон може да го скокне Мундијалот?

Исландската ракометна репрезентација може да остане без Виго Кристјансон за претстојното СП откако бекот повторно се соочи со проблеми со повредата на коленото.
Ситуацијата е сериозна до таа мера што самиот ракометар не ја исклучува можноста повредата да ја заврши неговата професионална кариера.
Членот на германски Ерланген се повреди во март и мораше да биде опериран. За време на интервенцијата биле утврдени коскена контузија и оштетување на рскавицата, по што следуваше период на рехабилитација.
Иако во есенскиот дел од сезоната почна да се враќа на теренот, проблемите повторно се појавиле. Последните медицински прегледи не покажале нови сериозни оштетувања, но состојбата со коскената контузија е влошена во споредба со претходните наоди.
Лекарите му наложиле пауза од шест до осум недели, по што повторно ќе биде проценета состојбата на неговото колено. Тоа практично значи дека настапот на Мундијалот е сериозно загрозен, а Кристјансон призна дека неизвесноста околу повредата го тера да размислува и за најлошото сценарио.