Светското клупско првенство во „скратен“ состав
Новозеландскиот фудбалски клуб Оукленд Сити, се откажа од настапот на Светското клупско првенство во Катар поради ограничувањата поврзани со пандемијата на коронавирусот, соопшти меѓународната фудбалска федерација ФИФА.
Оукленд Сити ја извести ФИФА дека не може да ја претставува Океанија на турнирот во Катар поради пандемијата и мерките на карантин кои ги воведоа властите на Нов Зеланд. ФИФА, во координација со катарските власти, ветува „сеопфатен медицински и безбедносен протокол“ како би го заштитиле здравјето на сите кои се дел од тоа натпреварување.
Откажувањето на Оукленд значи дека на Светското првенство наместо седум, ќе учествуваат шест клубови.