Бејл не се снајде во Лондон, веќе е отпишан?!
Големи беа очекувањата од помпезното враќање на Герет Бејл во Тотенхем, а гласот за незадоволството од покажаното на скапиот велшанец прв го подигна лично Жозе Мурињо. Бејл се врати по цели седум години во клубот кој го афирмираше, но од враќањето беше стартер на само два натпревари. Позајмицата му истекува на крајот од сезоната, а веќе на половина од истата мали се шансите тој да се задржи во Лондон. Во врска со скромната минутажа на Бејл, Мурињо сурово, но искрено рече дека фудбалерот на Реал ќе игра повеќе кога ќе заслужи. „Не можам да им давам минути на играчите. Тоа не е нешто што јас го подарувам. Знаеме со какви потешкотии се соочуваше години наназад. Знаеме дека дојде повреден. Знаеме дека оваа сезона напредуваше, но и назадуваше во некои нешта.“ – вели Мурињо за Бејл. Тој додаде дека најважно за Бејл е да биде конзистентен на тренинзите, што е услов да биде подготвен, а тогаш ќе ги заработи и своите минути.