Барса пријави огромен долг на крајот од 2020 година
Барселона забележува нагло влошување и ја покажува финансиската состојба на клубот. Стана познато дека Барселона прогласи долг од 1,2 милијарди евра, како и краткорочен долг за уште 730 милиони евра. Најголемиот дел од трошоците на клубот се во платниот список, што сочинува 74% од буџетот на клубот. Ситуацијата со договорите на играчите предизвикува сериозна загриженост во клубот, што доведе до преговори за одложување и намалување на платите уште од почетокот на пандемијата.
Барселона, исто така, им должи на другите клубови вкупно 126 милиони евра како резултат на неколку зделки за трансфери склучени од клубот во последните неколку години. Клубот сè уште му должи 29 милиони евра на Ливерпул за потписот на Филипе Кутињо, 16 милиони на Ајакс за Френки де Јонг и 10 милиони на Бордо за Малком. Секој од овие долгови треба да се исплатат до 30 јуни оваа година.
Каталонците ја завршија сезоната 2019/2020 со нето долг од 488 милиони евра и клубот разговара за одложување на овие плаќања со нивните доверители, посочувајќи го влијанието на пандемијата на коронавирусите врз буџетот.