Мурињо подготвува бомба, аргентинецот се враќа во Англија!
Ѕвездата на Париз Сен Жермен, Анхел Ди Марија, чиј договор истекува на крајот од сезоната би можел да премине во Тотенхем, пренесува француски Л’Екип. Засега нема најава за аргентинецот да го продолжи договорот со клубот од „Паркот на Принцовите“, што оди на рака на Жозе Мурињо, кој го цени крилниот напаѓач. Во Тотенхем, како што веќе пишувавме, се незадоволни од тоа како се снајде Герет Бејл при неговото враќање, па наместо него сакаат на лето да го доведат трофејниот фудбалер. Тоа би била прилика за Ди Марија да се докаже повторно во Англија, откако имаше неуспешна епизода во Манчестер Јунајтед.