Хулк губи по пет килограми на натпревар!
34-годишниот Хулк оваа зима од Кина се врати во бразилски Атлетико Минеиро.
Поранешниот напаѓач на Порто и Зенит и играч кој за Бразил одигра 48 натпревари, последните четири години настапуваше за кинески Шангај, а со 34 години се врати во својата татковина.
Некогашниот репрезентативец на Бразил е познат по големата снага поради која и го доби прекарот Хулк, а колку е физички посебен сведочи и фактот што по натпревар тој губи дури пет килограми!
Тоа го објасни Роберто Киари, физиотерапевтот на Атлетико. Тој тврди дека Хулк веќе на наредниот натпревар доаѓа со неколку нови килограми со кои ги надокнадува загубените за време на тренинг или натпревар.
„Хулк доста се поти, тоа не е нешто лошо. Дури спортист кој многу поти, се користи со најефикасниот механизам за ослободување на телесната топлина. Тоа се случува при потењето. Таа пот, кога испарува, прави спортистот ефикасно да губи телесна топлина. Тоа значи дека губењето на повеќе килограми со дехидрација преку потење не е проблем. Потребно е само да се посвети внимание на хидратацијата на овој играч.“ – објасни Киари, па додаде:
„Нашите луѓе стојат на работ од теренот со шишенца со вода и кога Хулк ќе застане, веднаш добива шишенц. Тој доста дехидрира за време на натпреварите и тренинзите, па затоа мора прв да дојде по изотонична вода.“