Лапорта подготвува доживотен договор за Лео Меси
Новиот претседател на Барселона, Жоан Лапорта има јасна идеја што да му понуди на Меси, за да го убеди да остане на „Камп Ноу“.
Договорот на капитенот истекува на крајот на сезоната, па Лапорта нема време за губење и веќе направи план. Самиот Меси побарал гаранции дека на „Камп Ноу“ повторно ќе се игра за титули и дека ќе бидат донесени нови врвни фудбалери. На Аргентинецот особено му е важно Барса да биде конкурентна за трофејот во Лигата на шампиони.
Лапорта ќе му понуди на Меси помала плата од актуелната поради финансиската криза, но сепак е оптимист дека Аргентинецот ќе прифати.
На Меси ќе му биде предложена директорска фукција во клубот после завршување на фудбалската кариера. Притоа, Лапорта ќе му вети на капитенот дека клубот ќе продолжи да инвестира во „Ла Масија“ и дека многу млади таленти ќе добиваат шанса во првиот тим.