Лев по Европското првенство го презема Реал Мадрид?
Јоаким Лев на клупата на германската репрезентација ќе седи уште само неколку месеци. Овој месец беше потврдено дека Лев ќе ја напушти Германија откако ќе заврши Европското првенство ова лето. Тој имаше одлични резултати како селектор на германската репрезентација со која во 2014. година застана на светскиот трон, но после 15 години одлучи за промена и наводно сега го бира првиот тим кој ќе го предводи. Како што пренесуваат медиумите во Шпанија, Лев веќе учи шпански јазик бидејќи планира да работи во Шпанија. Претходно Лев се поврзуваше со Реал Мадрид и јавна тајна е дека сака да работи во шпанскиот шампионат. Реал се интересираше за него откако во 2014. година го освои СП, па не е исклучена можноста токму тој на крајот од сезоната да го наследи Зинедин Зидан.