Два гиганти го сакаат Госенс од Аталанта
Манчестер Сити и Барселона би можеле да влезат во трансфер битка за потписот на левиот бек на Аталанта, Робин Госенс. Двата клуба имаат сериозен интерес за него и ќе се обидат да го земат во своите редови, пишува шпанскиот венсик „Спорт“.
26-годишниот Германец имаше неколку многу добри сезони во тимот од Бергамо, а тоа не помина незабележано ниту од гигантите, како и од селекторот на репрезентацијата Јоаким Лев, кој смета на него и во репрезентацијата, вклучително и во тимот за Еуро 2020. Манчестер Сити не го крие интересот за Госенс, но клубот ќе даде понуда за него само доколку се разделат со некој од сегашните леви бекови. Се шпекулира дека Александар Зинченко ќе го напушти „Етихад“, па Госенс може да го заземе неговото место.
Барса исто така бара лев бек, бидејќи Жорди Алба е веќе стар, а немаат играч кој би можел вистински да го замени. Аталанта е подготвена да преговара за можна продажба на Госенс, но клубот ќе сака да добие најмалку 40 милиони евра за неговите права. Германецот одигра блескава сезона за Аталанта, одигра 44 натпревари во сите натпреварувања, на кои постигна 12 погодоци и 8 асистенции.