УЕФА укинува едно од најстарите правила!

Одборот на клупските натпреварувања на УЕФА одлучи целосно да го укине правилото за гол во гости, кое во на натпреварите од нокаут фазата во случај на израмнет резултат, им дава предност на тимовите кои ќе дадат повеќе голови на гостински терен, пренесува новинарот на Тајмс, Мартин Циглер.

Правилото за гол во гости е старо 56 години и сега е на чекор до укинување. Се чека само уште потврда од Извршниот одбор на УЕФА, како би се спровела револуционерната промена во фудбалската игра.

За потсетување, уште во април годинава почнаа шпекулации дека УЕФА би можела да го укине ова правило, ама само во случај на продолженија. Се чини дека сепак европската куќа на фудбалот се одлучила за уште поригорозна промена.