Барса му нуди на Меси 10-годишен договор!

Барселона се обидува да направи се за да го продолжи договорот со Лионел Меси, а таа „операција“ како што јавуваат шпанските медиуми трае веќе подолго време, притоа откривајќи и детали од понудата која се наога во рацете на аргентинскиот фудбалер.

Меси целата професионална кариера е врзан за Барселона, а клубот со сите сили се труди така и да остане, па за таа цел на маса му дале договор во траење од 10 години, кој се состои во три фази. Првата од нив се однесува на продолжување на играчката кариера, а доколку се одлучи да го прифати, Меси би настапувал во каталонскиот клуб уште две години.

Познато е дека договорот трае уште еден месец, како и дека го сакаат најбогатите европски клубови, но и дека би можел од Европа да се пресели во САД. Токму тоа е една од опциите вклучена во договорот на Барселона.

Каталонскиот клуб во договорот со Меси ставил и идеја тој да биде евентуален амбасадор на Барселона во САД, при евентуално заминување во МЛС, а потоа по завршувањето на американската авантура да се вклучи во работата на управата на клубот.

Меси се уште не одговорил на понудата на клубот, затоа како што потврди и претседателот на клубот, Хоан Лапорта, чека проект кој ќе се бори за сите трофеи.