ПСЖ тргнува по Ашраф Хакими

Ашраф Хакими е многу блиску до трансфер во Пари Сент Жермен. Интер има големи финансиски проблеми и после заминувањето на Конте јасно е дека ќе бидат продадени некои од ѕвездите во тимот.

Италијанските медиуми тврдат дека прв кој ќе биде продаден е токму Хакими бидејќи пристигнала богата понуда од Париз.

„Газета дело Спорт“ пренесува дека преговорите се во напредна фаза и дека трансферот ќе изнесува 60 милиони евра со вклучени бонуси.

„Нероаѕурите“ минатото лето го донесоа Мароканецот за 40 милиони евра, а тоа значи дека ќе имаат заработка од цели 20 милиони евра.