Чеферин најави Ф4 на Лигата на шампионите во фудбал
Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, во интервју за „Л`Екип“ изјави дека европскиот шампион од 2024 година ќе се добие на „фајнл фор“ турнир, наместо последниот натпревар да се игра на неутрален терен.
Словенецот размислува за оваа идеја по успешно спроведениот турнир „Фајнал ејт“ минатата сезона, кој беше организиран во Лисабон поради доцнење на календарот на натпреварувањето поради пандемијата на коронавирусот.
„Лично, би сакал тоа да се направи. Јас се залагам за „фајнал-фор“ во Лигата на шампионите. Би можело да биде одлично. И ефикасно во поглед на приходите доколку тоа се направи добро. Разговараме за оваа идеја, но ништо не е одлучено, не брзаме. Можеме да одлучиме за една година“, рече Словенецот.