Нојер: Ќе играм за Германија за да го достигнам рекордот на Матеус
Мануел Нојер не планира да престане да игра за Бундес тимот. Голманот додаде дека едвај чека да започне соработка со новиот тренер Ханзи Флик како селектор, со кого беа заедно последните две сезони во Баерн Минхен. Флик ќе ја предводи германската репрезентација по крајот на Евро 2020, заменувајќи го Јоаким Лев.
„За мене лично, отсекогаш било забавно и задоволство да играм за националниот тим. Ме прави горд и ќе бидам среќен ако продолжам да го носам овој дрес и во иднина”, изјави 35-годишниот голман на прес-конференцијата.
„Не планирам да го прекинам учеството во националниот тим. Секој знае дека имам одлична врска со Ханзи Флик”, додаде играчот на Баерн.
Нојер исто така постави цел да го подобри рекордот на Лотар Матеус за одиграни натпревари за Германија. Во моментов тој е лидер со 150 натпревари за Бундес тимот, додека Нојер има 98 настапи и ќе треба да одигра уште многу за да дојде Матеус.