Светските медиуми пишуваат за македонската репрезентација

Новинската агенција „Франс прес“ посвети текст на македонската фудбалска репрезентација, која ги прави последните подготовки пред заминувањето на Европското првенство.

Во текстот на „АФП“ главниот фокус е на капитенот Горан Пандев. Се потенцираат сите успеси на нашиот капитен, особено тројната круна со Интер во времето кога тимот го предводеше Жозе Мурињо, но најдрагиот гол му е погодокот против Грузија кој ја однесе Македонија на Европското првенство.

„Тоа е мојот најдраг гол бидејќи конечно се пласиравме на еден голем турнир.“ – изјави Пандев.

Селекторот Игор Ангеловски има само големи зборови за Пандев, а ја потенцира и сплотеноста на нашата репрезентација.

„Тој е нашиот најдобар фудбалер во историјата и среќен сум што прифати да се врати како наш лидер на теренот и надвор од него. Направивме нашиот национален тим да живее како семејство, еден за друг би умреле на теренот.“ – вели Ангеловски.