Раскол во репрезентацијата на Германија!

Германски „Билд“ пишува дека германските репрезентативци се незадоволни од формацијата која има намера да ја користи селекторот Јоаким Лев. Тој на Европското првенство планира да игра во формација 3-5-2, а тоа не им одговара на играчите на Баерн.

Тие сметаат дека Германија треба да игра со четворица играчи во дефанзивната линија.

Поддршка на играчите на Баерн им даваат и останатите соиграчи. Повеќето од нив мислат дека репрезентацијата би изгледала подобро со четворица во одбрана.

Играчи на Баерн во репрезентацијата на Германија се Мануел Нојер, Никлас Суле, Серж Гнабри, Леон Горецка, Џошуа Кимих, Томас Милер и Лирој Сане.

Лев наиде на голем отпор во тимот воочи Европското и прашање е дали ќе попушти до почетокот на турнирот. За Лев ова се последни денови на клупата на Германија, а ќе биде наследен од поранешниот тренер на Баерн, Ханси Флик.