Репрезентативците отпатуваа за Романија
Македонската фудбалска експедиција денес со чартер-лет патува за Букурешт, а ние одбројуваме до мечот со Австрија во недела на 13 јуни, прв за националниот тим на континеталниот шампионат.
Македонија е во група со веќеспоменатата Австрија, Украина и Холандија, желбата е пласман во следната рунда на ЕУРО, а за тоа е ни треба најмалку една победа. Најголеми се очекувањата од дуелот со Украина, но сакаме изненадување и против Австрија и Холандија која е апсолутен фаворит во групата Ц.
При испраќањето, ФФМ испрати специјална порака од својот Фејсбук профил.
Бидете свои, бидете храбри како и секогаш. Веруваме во вас. Среќен пат.– пишуваат од ФФМ на Фејсбук.