Интер бара замена за Ериксен, ова се трите опции
Кристијан Ериксен извесно е дека нема да добие дозвола за продолжување на кариерата во Италија. Италијанските медиуми пишуваат дека Данецот најверојатно ќе замине од Италија поради здравствените и сигурносни прописи кои важат во државата.
Откако беше утврдено дека Ериксен доживеа срцев удар на натпреварот со Финска, на Ериксен му е вграден имплантантен дефибрилатор, уред кој е наменет за спречување на идни срцеви проблеми. Токму овие уреди се забранети за играчите во италијанскиот фудбал поради големиот ризик по животот.
За неколку недели Ериксен го чека преглед на кој треба да се утврди дали уредот ќе биде траен или ќе се отстрани.
Интер веднаш тргнал во потрага по негова замена, а три играчи според италијанските медиуми се означени како главни приоритети.
„Калчомеркато“ пишува дека Интер е заинтересиран за враќање на Матео Ковачиќ, кој дресот на Интер го носеше од 2013. до 2015. година. На мета на Интер се и Дони ван де Бек, како и Хакан Чалханоглу.