Ова на Хрватска не и се случило цели 15 години!
Хрватска во второто коло од групната фаза одигра нерешено 1:1 против Чешка и со тоа се доведе во ситуација да во последното коло против Шкотска и треба само победа како би осигурала пласман во осминафиналето барем со трето место во групата.
Иван Перишиќ сруши голем рекорд и оствари успех кој не му успеа ниту на Давор Шукер или Марио Манџукиќ, но натпреварот хрватските навивачи ќе го паметата и по еден негативен рекорд. Хрватска не успеа да победи во првите два натпревари од групата.
Тоа за последен пат и се случи на Светското првенство во Германија во 2006. година кога најпрво загуби од Бразил, а потоа одигра без голови со Јапонија. Во последното коло се опрости од турнирот по ремито со Австралија, а само еднаш пред тоа имаше полош влез на турнир – на ЕУРО 2004. година.
Клучниот натпревар за „коцкестите“ се игра во вторник со почеток во 21. часот на Хемпден Парк во Глазгов.