Јуве и Борусија во трка за хит играчот од ЕУРО
Најбараниот играч на италијанската репрезентација, која дава одлични партии на ЕУРО, е 23-годишниот фудбалер на Сасуоло, Мануел Локатели.
Локатели порасна во младинската школа на Милан и за тој клуб во три сезони одигра 63 натпревари, а потоа во 2018. година премина во Сасуоло, каде веднаш стана стандарден првотимец. За италијанската репрезентација дебитираше минатата година и досега во 12 настапи постигна три погодоци.
На ЕУРО беше првотимец на двата натпревари, а во натпреварот против Швајцарија постигна два погодоци.
Неговиот договор со Сасуоло истекува во 2023. година, а воочи Европското првенство клубот за него бараше 40 милиони евра, објавија италијанските медиуми. На тоа се согласи Борусија Дортмунд, но Локатели би сакал кариерата да ја продолжи во Јувентус, кој нуди 30 милиони и еден играч.
Но, бидејќи Италија и Локатели се одлични на Европското, сега на Сасуоло не му се брза бидејќи се надева дека би можел да добие и 60 милиони евра за репрезентативеот. За Локатели интерес покажуваат и Челзи, Манчестер Јунајтед, Тотенхем и Челзи.