Што прави Златан додека Шведска е на ЕУРО? Видео од милиони „лајкови“
Шведска на Европското првенство игра доста добро без најдобриот стрелец во историјата и во првите два натпревари има четири бода, но нивните играчи и навивачи би сакале со нив да биде и Златан Ибрахимовиќ.
Меѓутоа, Златан за тоа време ужива на Мајорка. На Инстаграм објави видео како вози велосипед на стаза покрај морето, а истата снимка доби над милион лајкови.
За потсетување, стрелецот на 62 гола за Шведска пред три месеци се врати во репрезентацијата по скоро пет години.
На двата натпревари во квалификациите за СП беше асистент за два погодоци и стана најстариот репрезентативец (39) во историјата на својата земја.
Тој би бил патник и на ЕП, но непосредно пред објавувањето на списокот играчи го повреди коленото.