Пандев најави дека после Холандија заминува во репрезентативна пензија

Македонскиот капитен Горан Пандев на официјалната прес-конференција пред мечот со Холандија, најави дека утре тој ќе го игра последниот меч во националниот тим.

„Ова е мој последен натпревар во дресот на Македонија. Оваа генерација го направи најголемиот успех во историјата на фудбалеот, и сметам дека е вистински момент да се збогувам од националниот дрес. Им посакувам на овие момци уште многу успеси во иднина, и сигурен сум, познавајќи ги нивните квалитети дека уште многу пати во иднина сите ќе не радуваат“, рече Пандев.

Тој кажа дека е среќен што се збогува на еден ваков начин, на големо натпреварување.

„Среќен сум што се повлекувам на овој начин. Можам да кажам дека подобро збогуваање од дресот на Македонија на Европско првенство и не можев да посакам. Има емоции, но знак како да се носам со нив“, рече Пандев.