Лугано нов клуб во кариерата на Демба Ба

Прославениот сенегалски интернационалец потпиша за 12. клуб во неговата кариера.

Овој 36 годишен напаѓач ја заврши епизодата во Башакешир и кариерата ќе ја продолжи во Швајцарија во редовите на Лугано.

Во својата богата кариера Демба Ба настапуваше уште за: Шангај Шенуоха, Гозтепе, Бешикташ, Челзи, Њукасл, Вест Хем, Хофенхајм, Мускрон и Руен каде што ја почно кариерата.

Најгоелмата трага ја остави во редовите на лондонсите сини за кои потпиша 14 голови.