Србинот Миленковиќ најнова желба на Алегри во Јуве
Никола Миленковиќ одигра уште една одлична сезона и е на мета на многу европски гиганти.
Италијанските медиуми пренесуваат дека Јувентус сака да ја победи конкуренцијата и веќе стапил во контакт со Фиорентина.
Алегри сака да ја засили одбраната бидејќи не му верува на Демирал, а Киелини е на залез на кариера и често е повреден, па го одредил Миленковиќ како приоритет.
Србинот влегува во последната година од договорот и Фиорентина ќе мора да го продаде ова лето, а Јувентус веќе спремил понуда од 25 милиони евра.