Полска е лута на херојот против Шпанија (фото)

Полска во Севиља одигра 1:1 против Шпанија и ја задржа шансата со победа против Шведска да се пласира во осминафиналето на Европското првенство.

Заедно со стрелецот Левандовски, јунак на полската репрезентација беше голманот Шчешни.

Голманот на Јувентус во неколку наврати со сјајни одбрани на голот ја спасуваше својата репрезентација од пораз, а најмногу ќе се памети фантастичната одбрана на ударот на Алваро Мората.

Но, полската јавност која го славеше својот голман, сега е бесна на него по потегот кој го направи пред хотелот во Севиља.

Незнаејќи дека во близина има фотографи, Шчешни запали цигара, а фотографиите веднаш станаа тема на расправа во Полска.

Шчешни е познат по конзумирањето на цигари, а тоа не го криеше нити кога беше член на Арсенал. Венгер на играчите тогаш строго им го забрани пушењето, а Шчешни го прекрши тоа правило и беше казнет со 20 илјади фунти.

https://twitter.com/footbalfanzone/status/1406637602736902144