Грилиш за 80 милиони евра во Сити

Манчестер Сити е фаворит за потписот на Џек Грилиш, пренесуваат медиумите на Островот. Грилиш игра уште една фантастична сезона, а медиумите тврдат дека трансферот може да достигне до 100 милиони фунти.

Астон Вила минатото лето за својот капитен бараше 80 милиони фунти, но откако фудбалерот потпиша нов договор неговата цена се зголеми.

Грилиш е голема желба исто така на Ливерпул и Манчестер Јунајтед, но Гвардиола сака да ја победи конкуренцијата.

„Граѓаните“ веќе работат на трансферот, а медиумите тврдат дека се се спремни да ги соборат сите трансфер рекорди во Премиер лигата и да платат 95 милиони фунти за Грилиш.