Ангеловски: Заминувам на крајот од месецот, благодарност до сите
Селекторот на нашата репрезентација Игор Ангеловски по натпреварот со Холандија на прес-конфернцијата даде своја кратка анализа за настапот на нашата репрезентација на ЕП.
„Кога ќе се намалат емоциите ќе дадеме генерална оценка. Можам само да кажам дека беше задоволство да се води Македонија на Европско првенство и заедно со навивачите да се преставиме на Европа. Не треба да бидеме разочарани, ние го пробибавме „мразот“ и одигравме добро иако не освоивме бодови. Сакам да искажам благодарност до мојот стручен штаб и медицинскиот персонал, на фудбалерите, предводени од Горан Пандев, вам новинарите и на крај на моето семејство. Ова се моменти кои ќе ги паметам цел живот. Неблагодарно е сега да ги делам фудбалерите, кој задоволил, а кој не. Ова се моменти кои цел живот ќе ги паметаме сите ние кои бевме дел од сето ова. Мојот договор завршува, ова е моја последна прес-конференција и моја последна активност со федерацијата, со оглед на тоа што договорот ми истекува на 31 јуни“, изјави Игор Ангеловски.