„Тоа е ужасна и грозна екипа која нема ништо!“

Славниот холандски играч за врска, Рафаел ван дер варт смета дека Шпанија е противник кој сите треба да го посакуваат на Европското првенство.

„Шпанија е ужасна и грозна. Се надевам дека ќе играме против неа. Оваа екипа нема ништо. Тие само одат од една страна на друга, немаат ниту играч кој може со еден потег да направи разлика.“ – вели 38-годишниот ван дер Варт.

Шпанија по две кола има два бода со гол разлика 1:1. Се наоѓа на третото место во групата во која се и Шведска, Словачка и Полска. И двата натпревари досега, Шпанија ги одигра во Севиља, а во среда играат против Словачка за пласман понатаму.

Ван дер Варт во кариерата играше за Ајакс, Хамбургер, Реал Мадрид, Тотенхем, Бетис, Мидтјиланд и Есбјерг. За репрезентацијата на Холандија, во 109 натпревари постигна 25 погодоци.