Јунајтед на Погба му нуди плата како никој во Премиерлигата!
Манчестер Јунајтед сака да го продолжи договорот со Пол Погба и е подготвен да му понуди примања какви во англиското фудбалско првенство нема ниту еден играч.
Погба влегува во последната година од договорот со кој заработува 300 илјади фунти неделно, а на Олд Трафорд не сакаат да препуштат ништо на случајот, туку сакаат што поскоро да договорат продолжување на соработката. Медиумите тврдат дека Јунајтед ќе му понуди петгодишен договор, со што платата на Погба ќе порасне на 400 илјади фунти неделно. Таква плата нема ниту еден фудбалер во Англија.
Погба изјави дека нема да размислува за неговата иднина во текот на Европското првенство, на кое е фокусиран на успех со репрезентацијата. Неговиот агент Мино Раиола пред неколку месеци тврдеше дека Погба и Јунајтед се завршена приказна, бидејќи неговиот клиент не се чувствува слободно и сака да ја промени средината.
Се споменуваше враќање на Погба во Јунајтед, а заинтересиран наводно беше и Реал Мадрид.