Халанд избра каде сака, останува уште договор меѓу клубовите!

Познатиот италијански новинар Алфредо Педула тврди дека Ерлинг Халанд ги договори сите услови со Реал Мадрид.

Напаѓачот на Борусија Дортмунд го избрал клубот каде сака да игра во иднина, а сега е на клубовите да се договорат за висината на трансферот. Германците сакаат 175 милиони евра, што во моментот за Реал е премногу.

Ако Борусија не попушти, наредната сезона може да го загуби Халанд за 75 милиони евра поради клаузулата во неговиот договор.

20-годишниот норвешки напаѓач минатата сезона во 41 натпревар постигна 41 погодок и запиша 12 асистенции.

Според Трансфермаркт, тој вреди 130 милиони евра и доколку Реал навистина сака да го доведе ова лето, ќе мора да уплати барем толку.