Не сакал да се вакцинира, па клубот му врачи отказ!

Канадскиот клуб од американсаката МЛС лига, после само пет месеци го продаде напаѓачот Ерик Хуртадо затоа не сакал да се вакцинира против КОВИД-19.

ЦФ Монтреал не ја донел таа одлука поради клупската политика или интерни правила, туку затоа што Хуртадо едноставно не може да игра за тој клуб.

Поради строгите канадски пост-епидемиски мерки, долго не беше возможно да се влезе во земјата без период минат во карантин, што го оневозможи нормалното функционирање на бројни американски клубови кои се натпреваруваат во МЛС лигата. Поради тоа тимот мораше привремено да се пресели во САД, но Онтарио и Квебек сега почнаа да ублажуваат мерките, па на клубовите од Торонто и Монтреал дозволено им е да тренираат во границите на Канада. За мечеви се уште нема одлука.

Меѓутоа, дозвола за враќање во Канада добија само играчи кои се вакцинирани, а Хуртадо одбива да го направи тоа. Бидејќи тој веќе не може да тренира со тимот, на Монтреал не му остана ништо друго, па за 200.000 долари го продаде во Колумбус Кру.

Хуртадо во Монтреал пристигна во февруари како слободен играч, но одигра само седум натпревари, последниот во мај.