Финалето од Копа Америка ќе се игра пред публика

Властите во Рио де Жанеиро дозволија враќање на дел од навивачите на финалето од Копа Америка помеѓу Бразил и Аргентина, кое се игра вечерта сабота кон недела на стадионот Маракана.

Локалните власти дозволија 10 отсто од капацитетот на стадионот Маракана, што изнесува 7.800 гледачи. Тоа ќе биде прв натпревар со гледачи на овогодинешното издание на првенството на Јужна Америка, кое се одржува во Бразил.

Одлуката се темели на тоа што организаторите претставија протокол за „работа и акредитација кој донесува мерки за заштита на здравјето на вклучените, користејќи алатки за спречување на заразата и ширењето на КОВИД-19“, стои во соопштението на градските власти.

На трибините ќе можат само оние со негативен тест на коронавирус кој е направен најдоцна 48 часа пред натпреварот. Пандемијата на КОВИД-19 во Бразил однесе повеќе од 530 илјади животи, а од нив околу 30 илјади во Рио де Жанеиро.