Челзи понудил 100 милиони евра за ѕвездата на Јуве – понудата одбиена!
Новинарот на германски Билд, Кристијан Фалк објави дека Челзи понудил 100 милиони евра за Федерико Киеза од Јувентус, но клубот од Торино ја одбил таа понуда.
Тоа е најголема понуда во овој трансфер период која е објавена од медиумите, а може да се верува дека е вистинска бидејќи Фалк важи за еден од поугледните германски новинари.
Киеза во германските медиуми е интересен во последните десетина дена, откако Баерн покажа интерес за негово доведување, но очигледно е дека сумата која се споменува е далеку повисока од онаа што Баерн е подготвен да ја плати.
Треба да се нагласи исто така дека ова е прва понуда на Челзи. Се очекува да се вратат на адреса на Јувентус со нова понуда за ѕвездата која беше одлична во дресот на Италија на ЕУРО.