Самби Локонга потпиша за Андерлехт
Арсенал официјално објави за ангажманот на 21-годишниот Алберт Самби Локонга од Андерлехт. Трансферот на дефанзивниот играч за врска се очекуваше да се случи во последните неколку дена, а сега тоа е факт.
Локонга е дел од академијата на Андерлехт и има одиграно 78 натпревари за првиот состав на клубот од декември 2017 година. Топџиите ќе платат 17,5 милиони за овој играч и уште 4,5 милиони во вид на бонуси. Договорот на играчот е на пет години до летото 2026 година, а тој ќе го носи бројот 23 на својот дрес.
Играчот за врска станува второ засилување на лондончани ова лето, откако пред неколку дена беше привлечен левиот бек од Бенфика, Нуно Тавареш, кој дури дебитираше со погодок за тимот. Во следните неколку дена се очекува да биде објавен трансфер на Бен Вајт од Брајтон, чиј трансфер е веќе договорен за 50 милиони фунти.