Ериксен нема да игра уште најмалку шест месеци

Кристијан Ериксен наредната недела ќе се врати во Интер да одработи тестови, по кои ќе се знае дали тој повторно ќе заигра за италијанскиот клуб.

Како што стојат работите, тој најверојатно ќе мора да паузира уште минимум шест месеци, дури иако тестовите се добри.

Ериксен минатата сезона му помогна на Интер за првпат по 2010. година да стигне до титулата во Серија А.

Неодамна и директорот на Италијанскиот фудбалски сојуз Франко Браконаро говореше за Ериксен и неговата кариера. Објасни дека данскиот репрезентативец може повторно да заигра во Италија само ако се покаже дека е целосно здрав и доколку му биде отстранет дефибрилаторот кој му е вграден во телото.

„Во овој момент, Ериксен не смее да игра. Ако му биде отстранет ИЦТ уредот и со него е се во ред, тој може да се врати во Интер.“ – вели Браконаро.