Борусија Дортмунд дозволува влез само на вакцинирани фанови

Борусија Дортмунд презема драстични мерки со пандемската криза која ја создаде ковид-19. Имено, „милионерите“ нема да дозволат влез на стадионот на невакцинирани.

Во соопштението кое го објавија „милионерите“ објаснија дека негативен тест нема да биде доволен да се влезе на стадионот, туку тоа ќе биде возможно само со сертификат за вакцинација.

„Вакцинацијата е клучот за враќање во нормалноста“, соопшти Ханс Јоаким Вацке, првиот човек на Борусија.

Вакво правило за влез на вакцинирани навивачи воведе и тимот на Келн.