Алегри е бесен на Јувентус, смета дека е измамен
Масимилијано Алегри е разочаран со активностите на Јувентус во летниот трансфер период и бесен на клупскиот врв затоа што не ги доби играчите на кои се надеваше, јавуваат италијанските медиуми.
Алегри се врати во Јувентус по неуспешниот експеримент на клубот со Андреа Пирло, но трофејниот стручњак со најсилниот клуб од Торино освои само еден бод во воведните 180 минути во првенството.
Иако имаше некои нови играчи, сепак повеќе „одекна“ заминувањето на Кристијано Роналдо во Манчестер Јунајтед, па Алегри е незадоволен со работата на клубот, односно, се наведува, е бесен на претседателот Андреа Ањели и спортскиот директор Федерико Черубини.
Како што пишуваат италијанските медиуми, тој на двајцата им порачал: „Не се договоривме така“, алудирајќи на неговото согласување под договорени услови да се врати во клубот.