Трансферот на Костиќ во Лацио пропаднал поради – погрешна е-маил адреса?!

Лацио во последните неколку дена од трансфер периодот се обиде да го доведе офанзивецот на Ајнтрахт Франкфурт, Филип Костиќ.

Српскиот репрезентативец имаше желба да се пресели во клубот предводен од Маурицио Сари во Рим, но Германците не сакаа да го пуштат. Имено, Ајнтрахт на Лацио му дал погрешна е-маил адреса, а оваа информација ја потврдуваат италијанските медиуми.

Ајнтрахт намерно на Лацио му дал погрешна адреса, а Италијаните залудно испраќаа пораки.

Ова го откри менаџерот на Костиќ, Фали Рамадани, испраќајки докази до својот клиент, кој потоа одби да тренира со клубот.

Лацио на крајот ја доби точната адреса, но договор не беше постигнат. Костиќ влегува во четвртата сезона носејќи го дресот на Ајнтрахт, а за клубот досега одигра 129 натпревари на кои постигна 26 погодоци.