Кристијано Роналдо со два погодоци собори светски рекорд

Кристијано Роналдо и донесе победа на Португалија против Ирска (2-1) во квалификациите за СП.

Со гол за 1-1 во 89. минута, новиот играч на Манчестер Јунајтед стана светски рекордер по број на голови за националниот тим. Тоа беше негов 110 гол на 180 натпревари за Португалија, надминувајќи го легендарниот Иранец Али Даеи, кој постигна 109 гола на 149 настапи за Иран од 1993 до 2006 година.

Роналдо не застана тука, па во последните мигови од натпреварот се погрижи за победа со одличен удар со глава. Тој доби жолт картон за бурна прослава на победничкиот гол.

Претходно, Ирска поведе во 45. минута преку Еган, а Роналдо не успеа да го собори светскиот рекорд во 15. минута кога не реализираше пенал.