ПСЖ ќе доведе уште еден фудбалер на Милан бесплатно

После Донарума и Чалханоглу уште еден клучен играч би можел да го напушти Милан без оштета.

Проблем како и во претходните два случаи претставува висината на договорот, поточно параметрите кои ги одредиле сопствениците. Франк Кеси ќе биде слободен наредниот јуни, ако не постигне договор, засега Африканецот не се откажува и ги бара парите кои Милан ги нема.

Малдини му соопштил дека постојат точно граници до кои може „Елиот“ да оди. Тоа е 6.5 милиони евра по сезона.

Но, Кеси бара осум, плус два во бонуси. Наводно, Кеси има понуда од ПСЖ и сака Милан да ја изедначи или барем да се приближи.