Стојковиќ: Митровиќ ме потсеќа на Панчев
Српскиот репрезентативец Александар Митровиќ одигра уште еден одличен меч за Србија во квалификациите за СП.
Легендата на српскиот фудбал Драган Стојковиќ – Пикси го спореди српскиот напаѓач со поранешниот македонски фудбалер Дарко Панчев, кој ја доби „Златната копачка“ во 1991 година.
„Митровиќ е копија на Панчев. Има неверојатно чувство за топката, а такви работи се очекуваат од напаѓачи. Не знам дали некој можеше да помисли дека нема да даде гол. Изгледа му одговарам како селектор, а мислам дека би си одговарале и како соиграчи“, вели Пикси.