Данецот Братвајт го чека пауза од 3-4 месеци

Мартин Брајтвајт има потенцијално тешка повреда.

Според информациите, данскиот репрезентативец, кој имаше болки во коленото, се обиде да се опорави навреме за дуелот со Баерн (Минхен) во Лигата на шампионите, но наместо тоа ја влоши состојбата и предвреме го напушти денешниот тренинг на Каталонците. Доколку се потврди прогнозата за истрошена ‘рскавица на коленото, Брајтвајт може да биде надвор од терените во следните 3-4 месеци. Тој одлично ја започна сезоната со два гола и една асистенција во победата од 4:2 над Реал Сосиедад, а потоа беше стартер против Атлетик Билбао (1-1) и Хетафе (2-1).

30-годишниот фудбалер се приклучува на другиот повреден напаѓач на Барселона, Серхио Агуеро, а новото засилување Лук де Јонг останува единствениот напаѓач во тимот што игра во средина, бидејќи карактеристиките на Мемфис Депај се поголема активност на крилните позиции.