Жиру: Ибра е многу важен за младите фудбалери на Милан

Оливие Жиру зборуваше за неговата љубов кон италијанскиот тим, а го сподели и своето мислење за неговиот колега во нападот Златан Ибрахимовиќ.

„Горд сум што играм за Милан во Серија А. Го следев овој турнир како млад. Андриј Шевченко тогаш беше мојот омилен фудбалер. Имав среќа што добив можност да постигнам голови за истиот клуб како него. Што се однесува до Ибрахимовиќ, јас играв против него неколку пати. На 40-годишна возраст, тој игра на високо ниво, што го потврдува неговиот исклучителен професионализам. Се грижи за себе и за своето тело. Исто така, се обидувам да го правам тоа со цел да уживам во фудбалот се додека тоа ми го дозволува телото. Мислам дека Златан е одличен пример за младите, тој е еден од најдобрите напаѓачи во Серија А, едвај чекам да играм со него и да уживам во тренинзите“, изјави Оливие Жиру.