Екипата на Баерн Минхен комплетна за дуелот со Фрајбург

Јулијан Нагелсман,тренерот на Баерн Минхен, ќе може да рачуна на Лукас Хернандез и Никлас Суле за претстојниот натпревар против Фрајбург во Бундеслигата, откако двајцата ги санираја повредите и продолжија да тренираат со екипата.

Суле и Ернандез го пропуштија натпреварот од Лигата на шампиони, против Бенфика кој Баварците го добија со 5-2.

Во тимот од Минхен се враќа и напаѓачот Чупо-Мотинг кој се опорави од повредата на подколеницата.