Манчестер Јунајтед го „ослободува“ Лингард

Екипата на Манчестер Јунајтед е подготвена да му дозволи заминување од клубот на Џеси Лингард. 

28-годишниот повремен репрезентативец на Англија, ќе може да го напушти „Олд Трафорд“ а неговата продажна цена би изнесувала 10 милиони фунти.

Лингард минатата сезона настапуваше како позајмен играч во екипата на Вест Хем но мораше да се врати во Манчестер Јунајтед бидејќи двата клуба не постигнаја конечен договор.

Џеси Лингард од почетокот на сезоната нема голема доверба кај тренерот Солскјер и многу ретко добива шанса за настап, па многу веројатно ќе прифати понуда од друг клуб каде би бил редовен стартер.