Добри вести за Ливерпул и младиот Елиот

Играчот од средината на теренот на Ливерпул, Харви Елиот е на добар пат кон конечно враќање на настапите за тимот. Младиот Елиот започна со лесни вежби со трчање во тренинг центарот на „црвените“ по сериозната повреда на зглобот од стапалото која ја заработи во септември.

18-годишниот супер талент на Ливерпул, одлично ја започна оваа фудбалска сезона но набрзо заработи тешка повреда на натпреварот против Лидс Јунајтед поради која мораше да замине на операција.

 Од медицинскиот тим на клубот од Енфилд најавија дека опоравувањето на Елиот се одвива многу добро и се надеваат на негово започнување со понапорни тренизни.

https://twitter.com/LFC/status/1460280145697255424?s=20