Швајцарецот Закарија на чекор до потпис со Јувентус
Јувентус е главен кандидат за потписот на играчот од средниот ред на Борусија Менхенгладбах, Денис Закарија. Раководството на „Старата дама“ успеа да ја претекне Рома во битката за фудбалерот, објави новинарот Николо Шира.
Римскиот клуб пред еден месец разговараше за условите за долгорочен договор со агентот на играчот од средниот ред, но самиот Закарија најавил дека би сакал да заигра во Јувентус.
Останува договорот да биде потврден оваа зима.