Павлов ќе се бори за светско злато во карате

Емил Павлов се пласира во финалето на Светското првенство во Дубаи во категоријата до 67 килограми каде за противник ќе го има Стивен да Коста од Франција.

Со ова Павлов е на чекор да испише историја за нашето карате. Во полуфиналето нашиот каратист славеше над Унгарецот Мартијал Ивес Тадиси поради прв освоен поен бидејќи борбата заврши нерешено 3:3. Претходно, на патот до финалето Емил Павлов беше подобар од Словакот, Матеј Хомола, Садтидин Сајматов од Узбекистан, Абдала Хамад од Јордан и Али Елсави од Египет.

За Павлов ова е прв настап во категоријата до 67 килограми, откако претходно беше трикратен европски шампион во категоријата до 60 килограми. Ова е најголем успех во историјата на македонското карате и ќе биде вкупно втор медал откако претходно со медал од СП се закити само Жарко Арсовски.