Премиер лигата ќе продолжи и покрај најавите за прекин заради ковид-кризата

Клубовите во Премиер-лигата ја одбија иницијативата за времено прекинување на сезоната поради зголемениот број на заразени со корона-вирусот во екипите.

На состанокот била разгледана и идејата да се одложат натпреварите од 20. коло што е на програмата од 28 до 30 декември. Во изминатиот период беа одложени вкупно 10 натпревари во Премиер- лигата поради позитивни случаи на ковид.

Челниците на англискиот фудбал и клубовите, најавија дека ќе имаат нова средба за неколку недели се со цел да се направи нова проценка на ситуацијата.